Од воведувањето, еврото изгуби повеќе од 80 отсто од вредноста во однос на златото
Еврото изгуби повеќе од 80 проценти од својата вредност мерена во злато од воведувањето во 1999 година, изјави Бернхард Матес, менаџер на средства во Банката за Кирхе и Каритас еГ, во интервју за германскиот ФАЗ.
Според него, ова е последица на мерките преземени од централните банки кои спроведуваат екстремно лабава монетарна политика, па парите вредат помалку, а еврото е најизложено.
На 4 јануари 1999 година, за едно евро можеше да се добијат 128 милиграми злато, а денес само 23 милиграми. Сличен е примерот во однос на доларот, додека швајцарскиот франк изгуби две третини од својата вредност.
Интересна е и споредбата со некои производи. Во 1906 година, пинта пиво на Октоберфест чинела 0,38 марки или 0,14 грама злато, а на овогодинешниот фестивал на пивото во Минхен, за пиво морало да се издвојат 11,50 евра, или 0,26 грама злато, што е речиси двојно повеќе од пред 113 години.