Од Скопје до Гевгелија видливоста е само 100 метри


Сите патни правци низ Македонија се проодни, но на поединечни делници е присутна намалена видливост поради магла, соопшти ЈП „Македонија пат“. Најголема магла се забележува на правецот од Скопје до Гевгелија и на патниот правец Струмица – Валандово, каде видливоста се спушта до 100 метри.

Сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува на патните правци Маврово – Пресека – Ресен – Буково и Крушево, но засега не се задржува на коловозот. На делници што минуваат низ усеци и клисури, можно е појава на поситни одрони.

За подетални информации, учесниците во сообраќајот можат да се обратат на дежурниот телефон: 02 25 61 502.