Од понеделник стартува регистерот на избрани и именувани функционери на ДКСК
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска, најави дека од понеделник ќе стартува регистерот за избрани и именувани функционери во Македонија. регистерот же биде достапен на страницата на ДКСК и ќе биде јавен.
Тоа значи дека секоја државна институција ќе има обврска да пријавува промена на раководна функција, а тие што нема да го направат тоа ќе бидат казнети.
Ваквиот регистер беше најавен уште во 2015 година со измената на Законот за спречување на корупцијата.