Од понеделник невакцинираните во Словачка нема да можат да влезат во продавница


Словачка од понеделник воведува затоврање, односно ограничувања за невакцинираните граѓани против Ковид-19.

Премиерот едуард Хегер рече дека `локдаунот` се однесува на невакциниераните.

Мерките ќе траат три недели

Според новите правила, само вицата кои се вакцинирани или прележале Ковид-19 во последните шест месеци ќе може да влезат во ресторани, трговски центри, продавници со неопходни продукти, спортски активности и јавни настани.

Мерките кои стапуваат на сила во понеделник предвидено е да траат три недел и се воведуваат по пример на мерките во соседна Австрија.

Построгите правила нема да важат за вакцинираните и они кои го преболеле ковидот во последните шест месеци.

Една од земјите со најниска вакцинација

Словачка има една од најниските стапки на вакцинација во Европската унија, со 45 отсто имунизиран од вкупното население во однос на просекот просекот во Еу кој изнесува 65 отсто. Забележани се 13.725 смртни случаи од почетокот на пандемијата.

Инаку, два полицајци се повредени ид пиротехнички направи, а девет демонстранти се уапсени во словачкиот главен град во текот на протестите против владините протиепидемиски мерки.

Луѓето излегоа на улица и протестираа против владините потези во борбата со епидемијата, а побараа крај на „коронавирусоната диктатура“, собријаќи се пред зградата на владата и останатите институции во Братислава.