Од Ковид-19 во Хрватска починаа 47 пациенти, новозаразени 2.323

Во последните 24 часа во Хрватска забележани се нови 2.323 случаи на зараза со корона вирус. Активни се 19.161, објавија хрватските медиуми.
Во болница се лекуваат 2.093 пациенти, а 244 на респиратор. Починаа 47 пациенти, со тп вкупниот број жртви изнесува 1.445.
До денеска од Ковид-19 забоела 108.014 лица, а оздравеа 87.408.
Тестирани се вкупно 692.048, од кои 8.944 во последното деноноќие.