Од Кисела Вода, Ѓорѓиевски почна генералка на Скопје


default

Од Кисела Вода, каде до вчера беше градоначалник, таткото на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ги спрегна јавните комунални претпријатија да ги исчистат и измиојат булеварите, да постават метални столпчиња за да не се узурпираат тротоарите со возила, да ги искосат тревите, да ја ископаат земјата налегната на тротоарите со години…

Бројни работници на „Комунална хигиена“, во портокалови елеци, десетици вработени во „Водовод и канализација“, со препознатливи сини елеци и секако работниците од „Паркови и зеленило“, облечени во зелената униформа, можат да се видат на фотографиите лиферувани на социјалните мрежи од градоначалникот, како подговени чекаат да почнат со акцијата на триаголникот каде стои назинот на општината Кисела Вода. Со тримери в раце, со метли, лопати, но и силна механизација, се развозеа метларките, прскаат цистерните, со цел, Скопје да покаже дека може да биде чисто. 

За таа цел, градоначалникот Ѓорѓиевски ги повика и граѓаните да внимаваат каде флраат ѓубре, каде го одложуваат отпадот, каде им паѓа ливче од џеб, за да се смени сликата за главниот град, кој пред изборите, го покажа целиот раскош на контејнерите, кои прелеваа и беа забарикадирани од вреќи смет…

default

Вака ја најави Ѓорѓиевски големата генералка, која наликува на првиот собир на сите комуналци, поддржани и од комуналци од други градови, денови по неговиот избор за градоначалник на Скопје, во ноември, кога ги собра и како војници ги нреди на паркингот на салата „Борис Трајковски“, па ударнички, со сите скопски градоначалници, објавија „војна“ на загадениот град. 

Од акцијата во ноември (Фото: Б. Грданоски)

Секако, летаат и дронови, сведоци за тоа како изгледа чистотата од птичја перспектива!

„Пролетна генералка на Скопје – грижата за животната средина е наш приоритет!
Уште од раните утрински часови, заедно со екипите на јавните претпријатија на Град Скопје, започнавме широка и координирана акција за темелно чистење на сите површини под надлежност на градот.
Ова е јасна порака дека редот, чистотата и грижата за заедничкиот простор стануваат секојдневие.
Екипите на „Комунална хигиена“ интензивно ги чистат улиците и го отстрануваат отпадот, вклучително и оној што, за жал, е оставен од несовесни поединци.
„Водовод и канализација“ ги перат улиците и јавните површини, „Паркови и зеленило“ се грижат за уредување и косење на зелените површини, додека „Улици и патишта“ поставуваат метални столпчиња со кои се става крај на узурпацијата на тротоарите и јавниот простор.
Започнавме од Кисела Вода, но тука не застануваме, продолжуваме во секоја општина, систематски, посветено и без компромиси.
Оваа слика на чисто, уредено и достоинствено Скопје ќе биде наша секојдневна реалност до крајот на мандатот.
Она минато на кое четири години бевме навикнати, слика на депонии и негрижа – не е и нема да биде пракса во мојот мандат.
Чистата животна средина не е луксуз, туку основно право и обврска.
Таа значи поздрав живот за нашите деца, почист воздух и повисок квалитет на живеење за сите.
Градот може да чисти, но вистинската промена доаѓа кога сите заедно ќе ја преземеме одговорноста.
Затоа, упатувам јасен апел до сите граѓани да го чуваме она што заеднички го создаваме.
Да не фрламе отпад каде што не му е местото, да не уништуваме и да не го узурпираме јавниот простор.
За оние што нема да ги почитуваат правилата, следуваат санкции, затоа што ред мора да има!
Грижата за вас и за нашето Скопје останува приоритет кој стои највисоко.
Скопје заслужува, а ние заеднички ќе го направиме тоа реалност“, напиша Ѓорѓиевски на наеговиот Фејсбук профил. (Б.Б.)