Од денеска летови од Охрид до Братислава, до крајот на месецот и до Милано


Граѓаните од денеска може да летаат директно од аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид до Братислава, а веќе од 29 март воведуваме уште една линија од охридскиот аеродром директно до Милано, информира вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. 

Како што истакнува во објава на „Фејсбук“, овие авиолинии значат нови туристи во Охрид и повеќе можности за зајакнување на економијата.

– Развојот на авиосообраќајот претставува еден од врвните приоритети на Владата и на Министерството за транспорт. Преку конкретни политики и мерки континуирано работиме на унапредување на цивилниот авиосообраќај, со што овозможивме значително проширување на мрежата на дестинации. Остануваме силно посветени на унапредување на авиосообраќајот заради развојот и поврзување на Македонија со големите центри – истакнува вицепремиерот Николоски.