„Од чекање фајде нема“, па го грабнале и убиле Панче Жежовски


Фото: Б. Грданоски

 

Денеска, продолжи сведочењето на Велибор Манев, кој уште еднаш објасни како било извршено убиството на Панче Жежовски, за што вели, дека ако знаел дека ќе биде извршено, тој немало да присуствува.  

– Вечерта пред да биде убиен Панче Жежовски, беше среда. Дома кај мене дојдоа со Видески, а потоа со „кангуто“ и Палчо и Кешишев – раскажа обвинетиот Велибор Манев на прашања на судијата Ивица Стефановски на денешното рочиште за убиствата на велешкиот пензионер и Вања Ѓорчевска во Кривичниот суд во Скопје.

– Бевме да купиме дизел и бензин со моето возило со Кешишев. Наточивме на „Макпетрол“ на влезот во Велес во големи балони од по десет литри. Го ставивме кај мене во гаража. Следниот ден ги ставивме во „кангуто“ и отидовме сите четворица пред куќата на Панче. Од мојата до куќата на Панче има околу 600 метри. Првата вечер само гледавме и се вративме пешки до кај мене дома – сведочи Манев.

Истата екипа се собрале следното утро со себе имале и „мотороли“ за комуникација.

– Јас, Боре и Палчо имавме радио-станици. Тројцата тргнавме пешки кон куќата на Панче, Кешишев со „кангуто“ на паркингот кај пругата. Беше пред зора. Не видов дека некој носи пиштол во тој момент. Чекавме до кај 7 и 20 часот. Тогаш Палчо рече дека од чекање нема фајде и му рече на Боре да чукне на врата кај Панче. Откако го грабнавме го ставивме во неговата кола. Церада која ја носевме требаше да биде спуштена во дупката. Заминавме кон местото. „Ситроенот“ го возев јас. Кога стигнавме, го однесовме Панче до отворот за да го спуштиме. Како што беше легнат Палчо му испука куршум. Да видов немаше да бидам тука. Од шокот дишев длабоко да не експлодирам, а Палевски го турна во дупката. Дупката ја наполнивме со земја еден потоа, пред грабнувањето на наводната жена. Мобилниот од Панче го фрли во долот каде што растат капини. На враќање јас го возев неговиот „цитроен“ кон Скопје. Го оставивме кај пругата во близина на Кванташки – раскажа Манев.

Oдговарајќи на прашањата на судијата Ивица Стефковски, обвинетиот Велибор Манев денеска во Кривичен суд раскажа како се одвивале подготовките за грабнувањето во Скопје, по убиството на велешанецот Панче Жежовски.

– Ја грабнавме поради недостиg на пари. Палевски понуди 150.000 евра, но кога виде дека не е таа жена рече дека ќе може да извади по 20.000 евра за секој – призна Манев.

– Во неделата пред грабнувањето вечерта бевме во канцеларијата на Десна. Јас легнав да одморам и кај 4 часот тргнавме кон Радишани со „кангуто“. Го зедовме „ситроенот“ кај пазарот и тргнавме кон зградата каде што требаше да биде грабнувањето. Пред нас возеше Палевски со „кангуто“ и пред зградата се издвои на друго место. Претходно знаевме од Палевски дека жената ќе се симне во 7 и 20 часот. Откако ја грабнавме со ракавици одевме по трасата на Палчо, тој одеше напред и ни кажуваше дека сѐ е чисто. Кога стигнавме само Палевски имаше мобилен со кој го сликаше девочето. Бројот од тој мобилен не му го знаевме. Пиштолот тогаш го извади од пикапот за да ја убие – раскажа Манев.

Судијата го праша Манев зошто продолжил со Палчо по првото убиство.

– Не ми беше нејасно, но ме уцени дека ќе ми ја отепа фамилијата и мене ако не ја завршиме работата до крај – одговори Манев.

За ранецот во кои биле моторолите и пиштолот со кој е убиена Вања манев рече дека тоа бил син ранец со една прерамка.

На претхидното рочиште рече дека ранецот од седиштето на Десна го изнел потрчко на Палчо со наредба да го уништи, а сегаго повтори истото.

– Човекот го зел од канцеларија, а Палевски мене ми се јави за јас да му кажам на тоа лице да го земе ранецот и да го уништи – објасни Манев.