Ќе се намалуваат увозни царини на 70 производи

Намалување на царинските стапки за околу 70 производи, главно репроматеријали и суровини, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочсока, денеска на средба во Стопанската комора.
„Во владина процедура е предлог-законско решение со кое ќе се намалат царинските стапки на повеќе производи, со што ќе овозможиме компаниите повеќе да произведуваат и повеќе да извезуваат.Од 1 јули ќе се изрши намалување до 50% од царинските стапки кои важат во ЕУ и дополнително во наредниот период уште 50% ќе бидат намалени“, рече министерката за финансии.
На средбата, која што претставува редовна комуникација со бизнис заедницата, стана збор за прашања кои се однесуваат на предвидливоста во бизнисот, актуелни теми, како и спроведување анкети меѓу членките со цел детектирање на прашања на кои треба да се работи за подобрување на бизнис условите и пружањето услуги од страна на администрацијата кон приватниот сектор.
Претседателот на СКСМ Бранко Азеско потенцираше дека бизнис заедницата е задоволна од она што го презема Владата, но дека тоа оди со побавно темпо.
Упати барање 70% од работите што ќе се изведуваат при спровдување на проектите поддржани преку Договорот за стратешко партнерство со Обеиднетото Кралство, да бидат реализирани од страна на домашните компании. Изрази задоволство од реализацијата на унгарскиот заем наменет за компаниите и дека тој ќе се спроведе како што било планирано. Во однос на солидарниот данок наведе дека е постигнато заеднички да се намали рокот во кој државата ќе го врати кон компаниите од оној до 5 години утврден со одлуката на Уставниот суд и дека заеднички ќе се утврди и модалитетот на враќање.
Министерката за финансии во врска со реализацијата на проектите коишто ќе добијат поддршка преку Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, наведе дека стануа збор за рамка од 5 милијарди фунти кои ќе може да се повлекуваат во наредните 10 години, а повлекувањето ќе се одвива врз основа на готови проекти. Средствата за финансирање ќе се бараат откако ќе има готов проект и дека условите ќе зависат од рокот на отплата, но при изборот ќе се користи изворот кој ќе даде најповолни услови.
„Британската Влада со овој Договор застанува зад Македонија и гарантира дека ние ќе ги вратиме средствата“, наведе министерката за финансии.