Обвинителство изврши претрес на Правниот факултет


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција  изврши претрес во просториите што ги користел Драги Рашковски на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при што се одземени компјутери, потврдуват од Обвинителството.

Информираат дека во досегашната истрага, не се пронајдени материјали поврзани со
приемните испити на слушатели во Академијата на судии и јавни обвинители.

– Што се однесува до софтверот за полагање на испитот за прием на слушатели во
Академијата на судии и јавни обвинители, истиот не е одземен, посочуваат од ОЈО.

Фирмата за софтвери „Инвока груп“, која исто така е опфатена со истрагата, изнајмила простории на Правниот факултет.