Обвинителот го ставил во притвор – судот го ослободил: Тој со возило усмрти девојка на „Партизанска“


Фото: Б. Грданоски

Во врска со медиумските написи поврзани со претходните постапки за лицето осомничено за сообраќајната несреќа на „Партизанска”, обвинителството појаснува дека ОЈО Скопје поднесе обвинение со предлог за продолжување на мерката притвор која по предлог на обвинителството беше определена од самиот старт на постапката, и тоа за две кривични дела од член 215 од Кривичниот законик – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која на обвинетиот му изрече – заводска мерка упатување во воспитно-поправен дом Тетово, третирајќи го сторителот како помлад полнолетник.

Во текот на целата постапка, токму по предлог на јавниот обвинител лицето беше во притвор, а при изрекување на пресудата Судот ја укина притворската мерка за обезбедување. Незадоволен од пресудата, имајќи го притоа предвид и претходното поведение на сторителот, јавниот обвинител вложи жалба и предметот е во жалбена постапка.

Возел пијан и без возачка дозвола, кога ја усмрти девојката на „Партизанска“