Обвинители влегле во МВР, заплениле документи околу случајот „Беса Транс“


Обвинителството за организиран криминал и корупција отвори предистражна постапка во која треба да се утврди како и зошто станицата за технички преглед „Виа Комерц“, каде што поминал контрола автобусот на „Беса Транс“ кој изгоре во Бугарија, не e  затворена навремено, иако пропусти во работењето биле утврдени и нотирани во записник неколку месеци претходно, објави Телма.

Шефицата на обвинителството за организиран криминал, Вилма Рускоска, за телевизијата изјави дека предистражната постапка е отворена вчера и одземена е документација од неколку сектори во МВР кои го извршиле надзорот во станицата за технички преглед и го изготвиле решението за забрана.