Обвиненија против уште тројца американски полицајци за убиството на Флојд

Државниот обвинител на Минесота Кит Елисон се очекува денеска да поднесе обвинение против тројцата други полицајци кои учествуваа во полициската акција во Минеаполис, за време на која почина Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Според „Стар Трибјун“, се очекува тие да бидат обвинети за помагање и поддршка на убиството на Флојд, пренесува Би Би Си.

Полице Дерек Шовин, кој го притискаше вратот на Флојд со коленото, веќе е обвинет за убиство од трет степен, а се очекува Елисон  да поднесе обвиненија против него за убиство од втор степен.

Сите четворица полицајци веќе се отпуштени од работа.