Образовни асистенти во следните денови, за средношколци од јануари


Образовните асистенти од денеска почнаа да ги потпишуваат договорите за оваа учебна година, но не сите од денеска почнуваат со работа. За тоа ќе бидат потребни уште неколку дена.

„Сепак и денеска се потпишуваат договори, а во следните денови може да се очекуваат асистенти“, рече министерката за при посетата на ООУ „Ѓоргија Пулевски“ во Општина Аеродром, каде денеска им се поделија таблети на четвртооделенците, што веќе неколку години е практика во оваа скопска општина.

Како што појасни министерката за образование Весна Јаневска, доцнењето на ангажманот на образовните асистенти, во учебната година која почна минатата недела,  е одраз на ребалансот и на релативното работење на училиштата на различни начини.

„Но, ресурсниот центар „Златан Сремец“ кој успешно, кој ја покрива оваа териотрија, успешно го привршува процесот, па денес да, во ова училиште, а верувами во сите останати има образовни асистенти“, рече Јаневска.

Министерката најави системско решавање на проблемот со образовните асистенти. 

Образовни асистенти – нерешен системски проблем

„Она што е важно, а што досега не е направено, е проблемот на образовните асистенти или присуството нивно во училиштата системски ќе го решиме. Што значи во новите закони за основно, средно и средно стручно, ќе определиме рок во кој треба да биде завршена целата постапка и тоа треба да биде готово во јуни“, рече Јаневска, која само пред неколку дена тврдеше дека не може да се знае точниот број на потребни асистенти, кога не се знае на колку првооделенци ќе им бидат потребни, иако сите знаеме дека учениците во прво одделение се запишуваат во мај, па има цело лето да се дознае и колку асистенти би биле потребни.

Како голема новина Јаневска најави асистенти за средно училиште, што досега го немаше, но и еден асистен да работи со ист ученик во текот на целото образование. 

„И третата работа за која дискутирав со една од асистентките, е асистентите да го следат ученикот во целиот образовен процес освен ако не престане потребата на ученикот за асистент, асистентот одлучи да се исклучи од овој процес или на инсистирање на родителите кои сметаат дека нивното дете може да постигне поголем успех со друг асистент. Понекогаш е неопходна промена на асистентот, но целиот овој процес системски ќе го решиме, за во иднина да немаме апсолутно никакви проблеми“, уверува Јаневска.

Законот многу скоро ќе биде ставен на јавна расправа, потоа треба да помине на Влада, да се поднесе во Собрание, но сите ќе можат да го видат и да реагираат. „Најрано што очекувам асистенти во средните училита е јануари 2025 година“.