Образовни асистенти ќе им помагаат на учениците со потешкотии при учење во Кисела Вода


Во општина Кисела Вода денеска беа потпишани договори со 30 образовни асистенти, кои во текот на оваа учебна година ќе им помагаат на учениците со потешкотии при усвојувањето на наставната програма во општинските основни училишта.

 

Ангажирањето на образовни асистенти се практикува петта година по ред, како дел од проектот „Учиме, се воспитуваме, другаруваме“, во соработка со општината и УНДП. Од вкупно ангажираните 30 асистенти, за 10 средства обезбеди општината Кисела Вода, а за останатите 20 УНДП, информираат од општината.

Градоначалникот Филип Темелковски денеска во просториите на Општината, на потпишувањето на договорите за работа оствари средба со дел од образовните асистенти и им посака успешна работа.

Ангажирањето на образовни асистенти е во насока на подобрување на условите и грижата за децата со посебни потреби во општинските основни училишта, велат од општина Кисела Вода.