Објавени десетици пораки меѓу американските дипломати во Украина
Три комитети во Претставничкиот дом на САД објавија десетици пораки меѓу американските дипломати во Украина, во кои се разговара за тоа како да одговорат на барањата на американскиот претседател Доналд Трамп земјата да покрене истрага за семејството на Џо Бајден.
Најавата се случи по скоро 10-часовен разговор со поранешниот украински претставник Курт Волкер. Волкер ги обезбедил содржините од пораките на комитетите.
Во пораките, Волкер и двајцата други дипломати разговараат како да ги канализираат барањата на Трамп да го истражи неговиот политички ривал.
Во една од пораките, Волкер и амбасадорот Гордон Сандленд разговарале за нацрт-изјавата во која се наведува дека Владата на Украина ќе покрене истрага за претседателските избори во САД во 2016 година и компанијата во чија управа бил синот на Бајден.