Објавена е конечната листа на примени ученици во Средното полициско училиште „7 Мај“


Министерството за внатрешни работи ја објави конечната ранг-листа на примени ученици во Средното полициско училиште „7 Мај“.

„Ги известуваме учениците кои се примени согласно објавената ранг листа на примени ученици во Средното полициско училиште ‘7 Мај’ на 1 септември 2026 година во 10 часот да бидат присутни во Полициската академија на МВР во Идризово заедно со еден родител/старател/законски застапник по закон со документ за идентификација, за потпишување на Договор за школување“, соопшти МВР.

Во Полициската академија учениците ќе престојуваат до 4 септември 2026 година до 15 часот. Поради интернатско сместување на учениците, истите е потребно да си понесат облека, спортска облека, средства за лична хигиена и други лични средства, но не и вредни лични предмети.

Примените ученици е потребно да се отпишат од средното училиште каде биле редовни ученици, како и да побараат да бидат отпишани од ЕМИС ЕСАРУ системот за е-дневник.

Ранг листата на примени кандидати е официјално објавена и во Средното полициско училиште.