Објавен нацртот на климатската спогодба, еве што се бара од државите
Обединетото Кралство, домаќин на самитот за климатски промени КОП26 на Обединетите нации во Глазгов, денеска го објави нацртот на политички одлуки за кои на самитот ќе се преговара во следните неколку дена, повуикувајќи ги земјите да ги зајакнат своите национални климатски планови до крајот на 2022 година.
Во првиот нацрт на одлуката на КОП од државите се бара да „ги преизпитаат и да ги зајакнат целите за 2030 година во своите национално одредени придонеси, според потребата за ускладување на температурната цел од Париската спогодба до крајот на 2022“.
Во нацртот се потсетуваат дека според Париската спогодба може да се додадат нови, амбициозни климатски ветувања во кој и да е момент и прв пат ги повикуваат земјите постепено да ги укинат субвенциите за јаглен и за фосилни горива.
Се следи што може да ги обврзе земјите да направат за да го премостат јазот меѓу нивните моментални климатски цели и амбициозно делување за кои научниците велат дека е потребно за да се спречи катастрофално ниво на загревање.
Дипломати од речиси 200 земји претставени на КОП26 ќе преговараат за конечниот текст кој сите биле подготвени да го потпишат кога самитот че заврши овој викенд.
Сиромашните, климатски осетливи земји, повикаа да се ограничи загревањето на 1,5 степени Целзиусови – зголемувањето на температурите, како што велат научниците, е близу катастрофа.
Се смета дека е нужно да се врши притисок на поредовни ревизии на климатските планови, затоа што моменталните ветувања на земјите за 2030 година предизвикаа загревање на воздухот од 2,4 степени Целзиусови.
Во Нарцтот, кој ОН го објави пред неколку часа, државите се повикуваат да „го забрзаат постепеното укинување на јагленот и субвенциите за фосилни горива“, што е барање на заговорниците за климатски промени, а развините земји се повикуваат на итно повлекување на финансиската поддршказа земјите во развој да одговорат на нивното пролагодување на влијанието на климатските промени.