Обид за убиство во Скопје, ранети малолетник и двајца мажи


Двајца скопјани ќе се соочат со кривична за убиство во обид. 

– СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.С.(32) и М.И.(52), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.

На 02.08.2023, М.И. со нож му нанел убодна рана на И.С.(28), по што Н.С. со огнено оружје пукал кон второпријавениот и кон малолетник и им нанел прострелни рани, информираа од Министерството за внатрешни работи.