Обид за убиство во Марино: Го удрил брата си со ногарка по глава и легнал да спие


Фото: Б. Грданоски

На 18 октомври, во семејниот дом во Марино, осомничениот се обидел да го лиши од живот
сопствениот брат, удирајќи го со дрвена ногарка по главата и по целото тело.

Од ударите, оштетениот започнал да крвари од главата и изгубил свест, а осомничениот наместо да му помогне, си легнал да спие.

Следниот ден, кога се разбудил, видел дека брат му лежи во крв и без свест, но повторно го оставил и повикал медицинска помош дури речиси три часа подоцна.

Имајќи ги предвид сите околности, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

На 19.10.2025 во 09:50 часот во с.Марино, општина Илинден, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Т.(37) од с.Марино, скопско, затоа што на 18.10.2025 околу 22:30 часот во селото, по претходна расправија, физички го нападнал неговиот брат А.Т.(40) од истото село, при што употребил дрвен предмет и му нанел тешки телесни повреди. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.