Обезбеден нов современ апарат на Торакална хирургија
Министерот за здравство, Фатмир Меџити, денеска ја посети Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија во Скопје.
Министерството за здравство, како што информираат, за потребите на пациентите и Клиниката набави хируршки столб торакоскоп, со што се овозможи систем од најновата генерација од американскиот производител Arthrex да се користи на оваа клиника.
Овој апарат, како што велат, е наменет за изведување минимално инвазивни ендоскопски торакално-васкуларни процедури во делот на белодробието како стандардни така и специфични.
Системот, како што појаснуваат во соопштението, овозможува многу подобра визуализација на крвните садови во однос на конвенционално бело светло, со што се олеснува и забрзува хируршката интервенција.
Со технологијата што ја има апаратот се овозможува одлична визуализација на проток на крвта пред, за време и по хируршката процедура, како и полесна идентификација на граници на одредени ткива, со што се овозможуваат попрецизни и побрзи хируршки процедури.
– Со овој современ апарат се овозможува проверка на васкуларни анастомози и перфузија, детекција на лимфни јазли.
Системот има автоматско внесување податоци, како и поврзување со корисници надвор од операционата сала преку интернет или компјутерска мрежа. Хируршкиот столб е купен од Министерството за здравство за потребите на Клиника за торакална хирургија и е инвестиција од 11,1 милиони денари, се нагласува во информацијата.
Меџити заедно со својот кабинет, потенцираат од Министерството, интензивно работат на подобрување на условите во јавноздравствените установи, со цел поквалитетна здравствена услуга за пациентите и подобри услови за работа на здравствените работници.