Нула степени утрово во Берово, осум во Скопје


Фото: Б.Грданоски

Најстудено утрово е во Берово со нула степени и во Лазарополе со еден, а најтопло во Гевгелија девет степени. Во Скопје се измерени осум степени Целиусови.

УХМР за денеска најави сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Максималната температура ќе достигне од 21 до 27 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 25 степени.