Новоградбите во Германија сѐ поретко со греење на гас


Германија на широк фронт ја турка климатската транзиција, а еден дел од тоа се огледува во изградбата на станови.

Имено, воочливо никнуваат помалку нови згради со греење на гас.

Во првата половина година, уделот на одобрени проекти за градба на станбени згради со примарно греење на гас падна на 16,2 отсто, со 25,5 отсто претходната година, пишува ДПА.

Во споредба со 2019 година, уделот на гасно греење падна за повеќе од половина, соопшти во четвртокот националниот завод за статистика.

Статистичарите тоа го припишуваат на долгорочниот процес на рамковните закони. Борбата во Украина и недостигот на гас кои ги предизвикаа, уште не се јасно дефинирани со бројки.

Во порано завршените згради, уделот на гасно греење е за 34,3 отсто значително поголем отколку во планираните.

Од 60.200 станбени згради одобрени во првата половина од оваа година, речиси три четвртини, 73,7 отсто, има примарно греење на обновливи извори на енергија.

Во првата половина од 2019 година, таквото греење проектантите поставија на нешто помалку од половина од сите згради.