Новоградба во Загреб и до 8.000 евра квадрат, во Љубљана – 3.000
Загреб и Љубљана, хрватскиот и словенечкиот главен град имаат насушна потреба од нови станови, а големата побарувачка ја крена цената за квадрат станбен простор многу високо.
Така за квадрат новоизграден стан, загрепчани треба да издвојат и до 8.000 евра, а жителите на Љубљана и до 3.000 евра.
Загреб е едно од најпосетените туристички одредници во Хрватска, па е идеален за изнајмување дневни апартмани. Но, по земјотресот, дојде до големи промени, а некогаш најпосакуваната локација,с тана непожелна.
„Она што е проблем на Загреб, односно на Долниот град во секој случај, е тој земјотрес. Па, де факто не страдаа поединечни станови, затоа што луѓето не бараат тоа, туку настрада цела локација“, вели Дубравко Раниловиќ, претседател на Здружението на агенции за недвижности.
Во Загреб, во моментот, се гради на подрачјето на целиот град, каде и да има адекватно земјиште, а цената на новоградба во зависност од локацијата се движи од 3.000 до дури 8.000 евра по квадрат.
Покрај високите цени, се бараат населби кои се безбедни од потрес, имаат адекватна инфраструктура, доволно зелени површини, но и доволно паркинг места.
На Загреб му недостасуваат повеќе од 50.000 станови, па секаде каде имаше зелена површина никнуваат згради, се гради покрај патиштата, а побарувачката е голема.
Во Љубљана ќе гради српски бизнисмен
Во Љубљана пак, можно е компанијата на српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ, да гради 500 нвои станови.
Проектот, пред повеќе од една деценија го планираше компанијата „Електа наложбе“, во сопственост на синовите на љубљанскиот градоначалник Зоран Јанковиќ.

Земјиштето на кое може да се изградат дел од становите во последните неколку години менуваше сопственици поради долговите на „Електа“, но заврши во рацете на компанијата „Монетик“, во сопственост на Костиќ.
Дел од земјиштето на кое може да се изгради новата населба, беше во сопственост на претприатието „База Данете“, кое заврши во стечај. Земјиштето стана сопственост на Друштвото за управување со побарувачка на банките, пишува РТВ Словенија.
Интересот на Костиќ за градба на станови во Љубљана, не е случаен. Љубљана има огромна потреба од новоградби, затоа што во последно време има побарувачка за станбен простор, но и за вложување и понатамошно изнајмување, пишува Т портал.
Просечната цена на стан во Љубљана лани беше за 69 отсто повисока отколку во остатокот од земјата и близу границата од 3.000 евра по квадрат.
Највисоки се цените во аналитичкиот центар на градот, каде минатата година изнесуваше за метар квадратен требаше да се издвојат до 3.280 евра. Цените во центарот се движеа од 2.000 евра за необновени и лошо одржувани станови до 6.500 евра по метар квадратен во „Вила Урбана“. Повеќето станови се продадоа по цена од 2.700 до 3.800 евра по квадрат.
Костиќ лани, ја презеде „Хета Асет Резолушн“, и со тоа ја зајакна присутноста на словенечкиот пазар, каде, меѓу другото сопственик е на хотелот „Гранд“ во Порторож, мнозински сопственик на аеродромот „Порторож“ и сопственик на Горењска банка.