Новогодишен концерт со Ана и Игор Дурловски во НОБ на 17 декември


По седум години пауза од оперската сцена, двојката Дурловски е најангажирана кај нас за настапи дома и во странство.  По настапите во Осака и Виена,  Ана и Игор Дурловски ќе го одбележат 25-годишниот јубилеј на уметничката сцена со свечен новогодишен концерт во Националната опера и балет на 17 декември, во 20 часот. Под диригентство на Ана Спасовска и во придружба на симфонискиот оркестар „Ајга“, концертот ќе донесе избор од најубавите македонски љубовни песни, во нови аранжмани на композиторот Сони Петровски.
 
Билетите за новогодишниот концерт се достапни на билетарницата на Националната опера и балет, во книжарниците Литература.МК и онлајн на www.mktickets.mk.