Нови, пониски цени за паркинг во Скопје

ЈП Градски паркинг- Скопје ги известува граѓаните и своите корисници дека од денес се воведуваат нови цени за паркинг услугите на зонско. Новите, намалени цени се однесуваат на час паркирање и ќе важат за сите зонски паркинзи со кои стопанисува претпријатието. Новите цени се:
Зона А0 од 100 се намалува на 75 денари,
Зона А од 50 се намалува на 40 денари,
Зона Б од 40 на 30 денари, а во
Зони Ц и Д од 30 на 25 денари.
Мерката за намалување на цените е воведена со цел да се излезе во пресрет на граѓаните во услови на Ковид и економска криза, зголемени цени на горивата, зголемени цени на основните производи и сл.