Новиот пакет мерки е задоцнет и дополнително ќе ја продлабочи кризата, вели Мицкоски


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција истакна дека четвриот пакет на мерки за спас на економијата презентирани денеска од страна на Владата, не само што е задоцнет и нема да одговори соодветно на потребите на македонската економија и граѓаните, туку напротив истиот тој дополнително ќе ја продлабочи и онака тешката состојба во државата.

– Четвртиот пакет мерки на мафијата во Владата е последниот обид за сламката за спас во услови кога економијата пропаѓа. Кога веќе се прави четврт пакет на мерки, треба да се види искуството од претходните три, а тоа е поразително и се вика ново дополнителни  најмалку 40 илијади невработени за пет месеци минус речиси 13 проценти намалување бруто домашниот производ рекорден во вториот квартал. Затоа, и четвртиот пакет на мерки е промашен обид да се дефокусира вниманието од вистинските проблеми. Мафијата ќе стане побогата, а народот посиромашен, рече Мицкоски.

Досегашните три пакети на мерки, посочи тој, беа лошо насочени и недоволни за да ги амортизираат ефекти од кризата и нивната единствена цел беше предизборен и институционален поткуп. Тој напомена дека потврда за тоа е фактот што покрај „платежните картички кои служија за изборен поткуп, манипулација, најголем дел од меркиуте за поддршка на стопанството и економијата останаа нереализирани“.

Мицкоски истакна дека резултатите од таквите погрешни политики се историски пад на индустриското производство-извозот, пад на економската активност во вториот квартал со индиции тој негативен тренд да продолжи до крајот на годината, зголемување на јавниот долг за повеќе од една милијарда евра за само еден квартал (вториот квартал), раст на невработеноста од 40 илијади лица со најава за дополнителни масовни отпуштања, тотален колапс на туризмот и многу затворени бизниси во државата.

– И наместо Владата енергично уште на првата седница да креира сет на мерки кои ќе значат вистинска поддршка за спас на економијата, гледаме продолжување на популизмот со неодговорно трошење на народните пари и немилорсдно изложување на државата. Се потроши цел месец во кои илјадници граѓани дополнително се отпуштени од работа и многу бизниси ставија клуч на врата. Наместо Владата да се зафати со реализација на качпиталните проекти кои ќе значат додадена вредност за економијата и подобри услови за живот на граѓаните, сведоци сме на историски најниска реализација на капиталните проекти, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека Владата во првите осум месеци од годината потроши речиси 120  милијарди денари пари на граѓаните, 35 милијарди денари задолжување и реализирани се капитални инвестиции во износ од скромни нешто повеќе од 7,7 милијарди денари. – Ова сериозно ја поткопа одржливоста на економијата. Земјата е на историски највисоко ниво на задолженост без фискален простор за поттикнување на идниот економски развој. Колку и да звучиу песимистички, македонската економија со оваа Влада која нема капацитет и системски пристап за справување со кризата, ниту економска стратегија за иднината, ја очекуваат вистински црни денови, потенцита тој.

Мицкоски ги коментираше мерките за помош на граѓаните и македонската економија.

– Ќе почнам со две мерки коишто беа дел од третиор пакет антикризни мерки којшто бомбастично беше најавен од тогаш Владата на Спасовски и заев,  најпрвин првата 150 милиони евра државна гаранција за компаниите коишто ќе земаат кредит од комерцијалните банки. Оваа мерка требаше да се реализира во месец септември и еве септември полека завршува а од мерката ни грага ни глас. Втората мерка – околу 31 милиони евра евтини кредити со со субвенционирана каматна стапка од страна на Владата и 30 проценти грант за компании управувани од жени коишто вработуваат млади луѓе и се извозно ориентирани требаше да се реализира почнувајќи од месец септември, но од мерката нема ниту трага, ниту глас. Третата мерка со којашто Зоран Заев ја заврши неговата прес-конференцијата е викенд бес ДДВ. Пред изборите ни беше бомбастично најавувано дека во септември секој викенд граѓаните ќе го користат купувајќи,  а притоа ќе биде одземена сумата којашто ќе ја платат како данок на додавена вредност. Септември поминува, а денеска гледаме како на лажичка повторно им се ветува на граѓаните дека всушност дека тоа нема да бидат четири викенди, туку тоа ќе биде еден викенд во месец октомври. И нема да биде без ограничување, како што тоа беше ветувано во предизборието, туку тоа ќе биде со огранилување од 30 илијади денари и нема д абиде намалена цената којашто ќе ја платат, туку тие ќе го финансираат ДДВ, потоа ќе ја скенираат фискалната сметка и доколку сумата не надминува 30 илијади денари тогаш ќе чекаат од страна ан Министерството за финансии да им го врати данокот на додавена вредност, рече Мицкоски.

Упати критики и за начинот на кој власта се справува со КОВИД пандемијата. Смета дека поради грешките на Владата голем број граѓани го загубија животот или се болни и инфицирани.

Тој потенцира дека мерки се носат за да се помогне на економијата, за да можат да се спасат што е можно повеќе работни места и да се намали колку што е можно повеќе оној пад кој што се случува во нашата држава, во Македонија, но, фактот е следен. – Денеска броиме троцифрена бројка на луѓе кои што се инфицираат на дневно ниво. Броиме повеќе од десет или околу десет луѓе кои што на дневно ниво го губат животот поради КОВИД вирусот. Броиме илјадници луѓе месечно кои што остануваат без работа и броиме и броиме десетици бизниси кои што ставаат клуч на врата поради неможноста да опстојат, рече тој.

– И конечно, според Стефани Ебле која што е резидентен претставник на ММФ и одговорна за Западен Балкан, се ревидира падот на македонската економија во негативна смисла за 2020 година од 4 проценти на 5,5 проценти што е уште еден доказ дека мерките кои што се донесени, ниту биле соодветни ниту пак помогнале во справување со кризата и здравствена но и економска, туку единствено имаа за цел институционален поткуп за спроведување на талибански избори. Ако сакаме да видиме какви мерки се носат кои што ќе го намалат падот на економијата тоа можете да го видите со германската економија каде што истиот овој меѓународен монетарен фонд предвидуваше пад од 6.7 проценти за 2020-тата година, но поради успешните мерки тој пад е намален и сега е околу 5 проценти, 5.2 проценти. Тоа се мерки кои што значат успех. А, овие мерки кои што денеска ги слушнавме од мафијата во владата се мерки за спас и мерки кои што нема да донесат ништо добро, ниту за македонските граѓани, ниту за македонската економија, туку дополнително ќе ја продлабочат кризата.

Мицкоски, на крајот истакна дека Владата парите за овие мерки ги нема и дополнително ќе треба да позајми од извори дома и од извори надвор, за да може да врши институционален поткуп. Тој посочи дека со ова ќе се зголеми државниот и јавниот долг, со тоа ќе се зголеми дефицитот на буџетот, а тоа на крајот на денот, како што рече, ќе го платат сите граѓани солидарно без исклучок и на вера, нација и на социјална положба.