Новиот министер за култура дочекува гости со албанско знаме
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани денеска го пречекал амбасадорот на Австрија, Мартин Памер со албанско знаме на маса. Според законот за употреба на македонското знаме во централните институции и министерствата во Република Северна Македонија не се истакнуваат знамиња на етничките заедници така што истакнувањето на знамето на Албанија може да ги збуни соговорниците каде се наоѓаат, но и да покажќе колку тие што најмногу треба – не ги почитуваат законите на државата.
Правото на официјално и постојано истакнување на знамињата на заедниците е законски ограничено и строго врзано исклучиво за единиците на локалната самоуправа (општините) под јасно дефинирани демографски услови, согласно Законот за употреба на знамињата на заедниците.
Пред и во објектите на централните државни органи (Владата, Собранието, министерствата, судовите и сл.) се истакнува исклучиво државното знаме на Република Северна Македонија. Како исклучок, во министерствата и другите државни објекти можат да се постават и знамиња на меѓународни организации или странски држави (на пример, знамето на Европската Унија или НАТО, или знаме на странска држава при официјална посета на странски делегации), но не и етнички знамиња на заедниците за домашна службена употреба.