Нови земјотрси во Хрватска


Хрватската сеизмолошка служба соопшти дека во петокот вечерта кај Глина регистрирала два умерени земјотреси.

Првиот земјотрес е регистриран во 23 часот и 9 минути, со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот на 4 километри североисточно од Глина. Интензитетот во епицентарот бил од IV степен од ЕМС скалата.

Вториот земјотрес со јачина од 3,5 степени е регистриран во 23 часот и 21 минути, а неговиот интензитет во епицентарот бил IV-V степени од ЕМС скалата.