Нови сознанија – вирусот во Европа бил многу порано отколку што е потврдено?


 

Дали новиот корона вирус всушност се појавил порано од што се мисли, и како тоа да се докаже, се прашува авторот на анализата која денеска ја објави Би-би-си.

Имено, во еден хонконшки весник се појави текст со досега необјавени официјални податоци според кои првите случаи во Вухан – кинескиот град каде почна пандемијата од Ковид-19 – можеби се појавиле уште на 17 ноември, а не во декември, како што потврдуваат кинеските власти.

Што се однесува на Велика Британија, првите случаи се потврдени на 31 јануари, кога двајца Кинези кои од странство допатувале во Јорк, биле позитивни на корона вирус, а првиот случај на трансмисија на тлото на Велика Британија е забележан на 28 февруари.

Но, многумина во таа земја се сомневаат во официјалната верзија на временскиот тек на случувања, а писателката Кетрин Мајер, верува дека е можно нејзиниот покен сопруг Енди Гил, гитарист во бендот „Генг од фор“, да е еден од првите жртви на Ковид-19 во Велика Британија.

Тој се вратил од турнеја по Кина кон крајот на ноември минатата година, а се разболел во декември, со многу симптоми од Ковид-19. Починал на 1 февруари.

Неговите лекари ја разгледувале можноста тој да бил заразен од корона вирус , но временските точки не се поклопувале.

Меѓутоа, подоцна се појавија тврдења дека вирусот на европско тло може да бил подолго, односно уште во декември лани, а една париска болница тестирајќи ги примероците на пацент со воспаление на белите дробови, повторно, утврди дека тој бил заболен од вирусот.

Мајер тогаш се обратила на лекарот – специјалист кој го лекувал нејзиниот сопруг, кој се сложил дека е можно да станувало збор за корона вирусот.

Таа подоцна утврдила и дека менаџерот на групата на нејзиниот сопруг за време на турнејата заболел од тешка респираторна болест, а во декември починал и нејзиниот очув, па сето тоа и натаму ја тера да мисли дека се работи за Ковид-19.

„Сега знаеме дека вирусот овде бил и подолго – со новите вируси секогаш е така пред да ги откриете“, вели еден стручњак.

Иако се покажа дека антитела на Ковид-19 кај дарителите на крв во Британија постоеле уште во март – што секако укажува на можноста вирусот да стигнал порано отколку што се мисли – без повторна анализа на брисеви или примероци од крв или ткиво, тоа не е можно со сигурност да се потврди, заклучува авторот на анализата.