Нови гуми и за „мерцедесот“ на Груевски: Владата ќе го „подмачкува“ возниот парк


Cлyжбaтa за општи и заеднички paботи при Владата склучи договор со „Мак Ауто Стар“ вреден 53.000 евра за набавка на пневматици за блиндиpaните возила што ги поседува.

Меѓу нив и за фамозниот „мерцедес“ од 600.000 евра што го набави владата на Никола Груевски, поради што и беше осуден на две години затвор.

Владата неколкупати најави дека ќе се ослободи од него и оти ќе го продаде по багателна цена.

Покрај блиндираните возила, владата ќе менува пневматици и на стандардните моторни возила, за што ќе бидат исплатени 115.000 евра.

Склучените договори се објавени на електронскиот систем за јавни набавки.