Нови 46 случаи со Ковид-19, 14 починати лица
Во последните 24 часа се направени 3.073 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на Ковид-19. Пријавени се вкупно 14 починати лица и 147 оздравени пациенти, информираат од Министерството за здравство.
Од 46 нови случаи, во Скопје се 19, Радовиш – 5, Прилеп и Кичево – по 4, Куманово – 3, Струмица, Битола и Гостивар – по 2, Неготино, Охрид, Струга, Гевгелија и Берово – по 1.
Од 147 оздравени пациенти, од Скопје се 73, Куманово – 18, Прилеп – 17, Струмица, Штип и Кочани – по 5, Битола и Велес – по 4, Виница – 3, Неготино и Пробиштип – по 2, Радовиш, Гостивар, Тетово, Кавадарци, Ресен, Богданци, Крушево, Демир Хисар и Кратово – по 1.
Од 14 починати лица, осум се од Скопје (56, 61, 69, 70, 71, 79, 79 и 85), по 2 лица од Гостивар (62 и 70) и Кичево (59 и 83) и по едно лице од Куманово (84) и Тетово (60).
Шест лица се починати во домашни, а останатите осум во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 782.654 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.117, бројката на оздравени пациенти е 147.190, на починати е 5.356, а бројот на активни случаи изнесува 2.571.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 68.432, активни 1.025
Куманово 8.809, активни 235
Прилеп 8.287, активни 104
Тетово 7.207, активни 101
Битола 6288, активни 179
Велес 5.466, активни 61
Гостивар 5.166, активни 41
Кавадарци 5.151, активни 30
Охрид 4.995, активни 181
Штип 4.956, активни 44
Струмица 4.108, активни 65
Струга 2.980, активни 66
Кочани 2.785, активни 40
Кичево 2.554, активни 75
Гевгелија 2.190, активни 24
Неготино 2.184, активни 20
Свети Николе 1.522, активни 32
Ресен 1.234, активни 33
Крива Паланка 1.219, активни 6
Радовиш 1.155, активни 58
Берово 1.028, активни 2
Делчево 971, активни 24
Дебар 939, Аактивни 5
Виница 880, активни 37
Пробиштип 789, активни 8
Валандово 665, активни 3
Богданци 494, активни 3
Крушево 489, активни 21
Демир Хисар 397, активни 17
Демир Капија 396, активни 0
Кратово 373, активни 15
Македонски Брод 359, Аактивни 3
Пехчево 268, активни 1
Македонска Каменица 249, активни 12
Дојран 132, активни 0