Нови 27 случаи на Ковид-19, оздравени 192 лица, починале 19


Фото: Б. Грданоски

Во изминатите 24 часа регистрирани се 27 нови случаи позитивни на коронавирусот од направени 1.314 тестирања. Во истовреме, регистрирани се 192 оздравени пациенти, но и 19 починати лица.

-Министерството за здравство информира, дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 19, Прилеп, Штип и Виница – по 2, Струга и Кочани – по 1. Регистрирани се 192 оздравени пациенти од: Скопје – 83, Куманово – 17, Битола – 11, Струмица – 9, Велес – 7, Штип, Струга, Кочани и Крива Паланка – по 6, Прилеп – 5, Гостивар, Кавадарци и Охрид – по 4, Тетово, Неготино и Крушево – по 3, Свети Николе и Виница – по 2, Кичево, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Валандово, Богданци, Демир Хисар, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1, се вели во денешното соопштение.
 
Од Министерството информираат и дека се пријавени вкупно 19 починати лица: седум од Скопје (58г, 61г, 67г, 74г, 76г, 76г и 78г), три лица од Тетово (46г, 72г, 74г), по две лица од Прилеп (61г и 67г) и Ресен (66г и 73г), по едно лице од Велес (63г), Гостивар (78г), Охрид (85г), Виница (68г) и Гевгелија (76г). Од пријавените, четири лица се починати во домашни, а останатите 15 лица во болнички услови.
 
Направени се 1.314 тестови преку: ИЈЗ-132, ЦЈЗ Скопје-47, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-108, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-36, Жан Митрев (Филип Втори)-199, Авицена-127, Биотек-134, Систина-199, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–3, Генеа–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 329.
 
Досега во земјата се направени вкупно 757.794 тестирања на Ковид-19.
 
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.725, бројката на оздравени пациенти е 146.043, на починати е 5.230, а бројот на активни случаи изнесува 3.452.