Новата линија Базел – Охрид стартува 4 месеци порано

Новата линија Базел – Охрид стартува 4 месеци порано.
„Европскиот аеродром“, како што е името на аеродромот помеѓу градовите Базел, Мулуз и Фрајбург, е многу важен аеродром затоа што е на тромеѓе на три држави – Швајцарија, Германија и Франција. Раскрсница која ќе донесе многу туристи, но и ќе го олесни патувањето на нашата дијаспора“, вели министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.
Од компанијата WizzAir објавија дека веќе може да се купат карти за новата авиолинија Охрид – Базел. Првиот лет на оваа линија која е дел од програмата за субвенционирање на нови авиолинии е закажан за 27 Октомври.
„Имаме интензивни разговори за други нови авиолинии со што македонските аеродроми ќе бидат одлично поврзани со целиот свет“, додава министерот.