Новата епидемилошка карта покажува дека е критично во средна и источна Европа

Европскиот центар за контрола и превенција од болести (ECDC) денеска објави нова мапа на која е прикажана епидемиолошката состојба во земјите од ЕУ.
Овој центар секој четврток ја ажурира најважната мапа за корона вирус во ЕУ, според која земјите членки носат мерки и ги одредуваат правилата за влез и излез од земјата, според бојата.
Бојата зависи од комбинацијата на потврдени случаи со зараза во последните 14 дена на 100.000 жители и процент на тестирана популација.
Што се однесува на овонеделната карта, може да се забележи дека Словенија и понатаму е во темноцрвена зона.
Балтичките земји, Ирска, Романија, Бугарија исто така се темноцрвени. Германија и Полска, главно се во црвено со темни делови, а епидемилошката состојба се влоши во Австрија, Чешка и во Словачка.
И соседна Грција, а и Хрватска се темноцрвени.
Во италија, ситуацијата е релативно иста, како минатата недела, но има и промени, некои делови што беа зелени, сега се жолти, а некаде и портокалови.
Шпанија и франција во поголемиот дел се во жолтата зона.
Updated 🚦 maps are online!
These maps aim to support the @EUCouncil recommendation on travel measures in the EU during #COVID19 pandemic.
Color-blind friendly map in the next tweet.https://t.co/CcBVx6B0o5 pic.twitter.com/fcGcZiDL2W
— ECDC (@ECDC_EU) November 11, 2021