„Новартис“ казнета поради корупција и мито
САД– Светската фармацевтска компанија „Новартис“ со седиште во Базел, Швајцарија, е казнета за корупција и подмитување на лекари, болници и клиники во Грција и во Виетнам со цел на пациентите да им се препишуваат нејзините лекови и да се користи нејзината хирушка опрема.
Министерството за правда на САД соопшти дека „Новартис“ во Грција се согласи на спогодба, која предвидува казна од 225 милиони долари.
Покрај тоа компанијата се согласи да плати дополнително 112,8 милиони долари за порамнување на трошоците за граѓанските парници, плус 8,9 милиони долари на име на кривична казна.
На „Новартис“ ќе и биде судено во САД за подмитување на лекарите.