Новак: Унгарија ќе гласа за санкции и ембарго доколку ЕУ ѝ обезбеди енергетска безбедност


Унгарија ќе гласа за шестиот пакет санкции против Русија, вклучувајќи го и ембаргото за нафта доколку ЕУ ја финансира нејзината енергетска безбедност, изјави унгарската претседателка Каталин Новак во Варшава.

– Унгарија е во многу тешка ситуација од енергетски аспект. Гласавме за сите претходни пет пакети санкции. Ќе му бидам многу благодарен на претседателот (на Полска) Дуда доколку нè поддржи за да ги добиеме потребните услови за да може Унгарија да гласа за шестиот пакет, рече Новак.

– Во интерес на Унгарија е да застане на свои нозе во енергетскиот сектор. Ова е неопходно за суверенитетот и енергетската безбедност. За ова ни требаат финансии, средства. Затоа бараме од претседателот Дуда да не поддржи за да ги добиеме сите средства за закрепнување кои ни ги додели ЕК, додаде таа.