Нов сој корона вирус во француските училишта


Новиот сој на корона вирус е откриен во едно училиште во местото Баналек во Бретања во Франција, за кој стручњаците тврдат дека се работи за мутација поинаква од сите познати варијанти на вирусот.

Како што наведуваат, новиот сој е поинаков од алфа, бета, делта варијантите на корона вирусот, пренесува францускиот портал Телеграм.

Засега со новиот вирус заразени се 24 лица, од кои 18 ученици, а вирусот прв пат се појавил пред еден месец. Како што се наведува поради вирусот затоврени се седум од 12 одделенија.