„Нов правен изум: сам се пријавил од бегство“: Апасиев се потсмева околу настаните со Груби


Димитар Апасиев (Фото: Б. Грданоски)

 

На хорот реакции за одредувањето на мерката куќен притвор за Артан Груби се приклучи и лидерот на Левица, Димитар Апасиев. Тој се потсмева на Фејсбук на образложението на обвинителството.

„Сам се пријавил, ама од бегство’ е најновиот правен изум, нечуен и невиден досега уште од Римското право, а успешно измислен вчера од страна на предметниот обвинител и судија во случајот со Артан Груби“, напиша Апасиев.

Тој во објавата ги повика „колегите професори по кривично право“ веднаш да го патентираат и да го објават во научен труд со импакт-фактор. Апасиев додава дека таков труд би им бил потребен „за реизбор, по новите критериуми на министерката“.