Нов пожар кај тетовско Желино


Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов попладнево информираше дека избил нов пожар кај тетовско Желино. Повеќе информации се најавуваат за подоцна. 

Претходно, Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека на територија на државата нема активни пожари.