Нов повик за мобилизација на цивили: „Денес на Украина и требаат сите, не постои старосна граница“


Војската на Украина најави општо регрутирање на населението со цел да се спротивстави на руската агресија.
Официјалниот „Твитер“ профил на украинската армија објави покана до сите цивили да се приклучат на војската, без разлика на нивната возраст, со цел да се спротивстават на руската инвазија. Командантот на украинските трупи Јуриј Галушкин најави дека им се потребни луѓе кои ќе се борат против руската армија.
„Денес на Украина и треба сè. Сите процедури за приклучување во армијата се поедноставени. Носете само матичен број или пасош. Нема старосни ограничувања“, наведува тој.

Да потсетиме, Русија вчера ја започна инвазијата на Украина, откако претходно ги призна сепаратистичките области на ДНР и ЛНР кои се отцепија од Украина.