Нов подвиг на Јокиќ во победата на Денвер над Филаделфија (видео)
Никола Јокиќ не престанува да се истакнува. Српскиот МВП на најсилната лига на светот оствари нов подвиг во НБА во победата на Денвер над Филаделфија од 144:109.
За само половина час постигна 27 поени (шут од поле 10/15) со 13 скока и 10 асистенции. На тој начин Јокиќ четврти натпревар по ред оствари трипл-дабл. Тој додаде и 4 украдени топки. Тоа е големо достигнување дури и за великан како Јокиќ, но она што ја прави оваа серија фантастична е тоа што тој ги постигна сите тие трипл-дабл без да ги одигра последните четвртини. Важно е да се нагласи дека Денвер победи на сите тие натпревари.
Nikola Jokic now has 4 straight games where he’s recorded a triple-double in only 3 quarters 🤯 pic.twitter.com/pcCuZZtRdW
— Real Sports (@realapp_) January 22, 2025
Јокиќ сезонава има 19 трипл-дабл и вкупно 151. Со тоа тој е трет на вечната листа, пред Оскар Робертсон (181) и соиграчот Расел Вестбрук, кој има 202. Сепак, Јокиќ (29) е седум години помлад од лидерот, па сигурно ќе го стигне.
ANOTHER JOKER TRIPLE-DOUBLE 🃏
27 PTS (10-15 FGM)
13 REB
10 AST
4 STLJokić’s 4th-STRAIGHT triple-double (19th of season) as the @nuggets win 7 of the last 8! 📈🏔️ pic.twitter.com/H3g5JlSyiy
— NBA (@NBA) January 22, 2025
По уште една одлична партија, еден од најдобрите на сите времиња му оддаде почит на Јокиќ. Шекил О’Нил, како коментатор за ТНТ, рече: „Јокиќ е убедливо најдобриот голем играч во лигата. Без конкуренција“. По натпреварот, за време на директниот пренос на Јокиќ од Денвер, тој му посвети специјална награда: „Како претседател на здружението на големи момци, ти го направив овој појас“, му рекол, а Јокиќ се насмеал.
“As the President of the Big Man Alliance, I made this belt for you” ❤️🥹
Shaq & Jokić share a moment on the Postgame Show ✨ pic.twitter.com/UcPSwRxzyT
— NBA on TNT (@NBAonTNT) January 22, 2025
Најдобриот играч на Нагетс го следеа Џулијан Стротер, кој постигна 23 поени и Кристијан Браун со 20 поени. Вестбрук за малку не успеа да го подобри својот трипл-дабл рекорд бидејќи постигна 11 поени со 9 асистенции и 7 скока. Но, тој играше само 25 минути.
Кај аутсајдерот Сиксерс се истакнаа Тајрис Макси со 28 поени и 10 скока и Гершон Јабуселе со 22 поени.