Нов парк за миленичиња во Реонски центар


Општина Аеродром деновиве ја почна изградбата на паркот за миленичиња во Реонски центар. Паркот се простира на површина од 600 квадратни метри, ограден со заштитна ограда и опремен со различни реквизити што овозможуваат активно и безбедно дружење на домашните миленици.

Исти вакви паркови ќе бидат изградени и во непосредна близина на детската градинка „Бамби“ и ООУ „Љубен Лапе“, како и во паркот зад бензинската пумпа „Лукоил“.