Нов осомничен за исчезнувањето на Медлин Мекен


Британската и германската полиција соопштија во средата дека имаат нов осомничен за исчезнувањето во 2007 година во Португалија на тригодишната Мадлин Мекен и апелираше за информации за Германец, кој во моментот е затворен во Германија заради кривични дела за сексуален напад.

Британкста Мекен исчезна од нејзината спална соба на 3 мај за време на семеен одмор во Алгарве додека нејзините родители вечерале со пријателите во близина во одморалиштето Праја да Луз.

Нејзината судбина останува мистерија и покрај огромниот меѓународен публицитет.

Полицијата сака да разговара со секој кој има релевантни информации за 43-годишниот маж, кој не е именуван, или движењата на две возила поврзани со него во текот на периодот околу исчезнувањето на девојчето. Двата автомобила, кампер-комби „фолксваген“ и „јагуар“, сега се обезбедени од германската полиција.

Британската полиција сè уште го третира случајот како исчезнато лице и ги опиша информациите  во средата како „значаен развој“.

Таа, исто така, побара секој што е запознаен со два португалски телефонски броја да даде информации. Еден од телефоните го користел осомничениот и добил 30-минутен телефонски повик од вториот број додека бил во областа Праја да Луз ноќта на исчезнувањето, непосредно пред последен пат да се види Мекен.

„Поминаа повеќе од 13 години и вашите лојалности можеби се променија. Оваа личност е во затвор… сега е време да излезете со информации“, рече британскиот висок истражен службеник Марк Кранвел. (Ројтерс)