Нов бојкот во училиштето во кое се врати ученикот (9) – директорот поднесе оставка
Нов бојкот на наставата почна во загребско училиште. Повеќе од 1.000 ученици, ниту во матичното ниту во подрачното училиште денеска нема да дојдат на настава, според одлуката на Советот на родители, поради вчерашното ненајавено враќање на ученик со проблематично однесување во училиштето.
Директорот вчера си поднесе оставка, откако деветгодишното дете кое предизвика отпишување на целото одделение во претходното училиште, се врати во новото училиште.
Утрово пред училиштето се собираат родители
Утрово родителите се собраа пред училиштето и на оградата поставија табли упатени до одговорните.
Родителите револтирани велат дека враќањето на деветгодишниот ученик го прекршило договорот. Им било ветено, како што дознава ХРТ, дека ученикот нема да се врати до Нова година.
Момчето вчера го пресретнале социјален педагог и асистент кои го вовеле на настава, а останатите деца од класот после тоа го напуштиле училиштето.
Се бара ново решение. Ако нема, бојкотот продолжува
Народниот правобранител за деца вчера побара пријава од сите инволвирани во постапката за да се утврди кој е одговорен за прекршувањето на договорот.
Адвокатот на родителите вчера повторно се сретна со народниот правобранител со цел да се најде ново решение. Во спротивно, велат родителите, бојкотот продолжува.
„Дел од учесниците на состанокот отстапија од договореното на средбата, односно не се придржуваат до договореното. Со оглед на тоа, родителите на децата се чувствуваат измамени и разочарани, сметаат дека некои од овие мерки биле преземени, некои од овие изјави се дадени само за да заврши тогаш ескалираната состојба, а можно е да имало и некои џокоери во ракавот“, изјави Клаудио Чурин за Нова ТВ.
Наставничкиот совет ги поддржа директорот и родителите, наставата нема да се одржува
Наставничкиот совет во поддршка на директорот и на децата и родителите одлучи од денеска настава нема да се одржува ниту во матичното ниту во подрачното училиште. Сите деца кои ќе дојдат на училиште ќе бидат згрижени, е пораката на Наставничкиот совет на училиштето.
Наставничкиот совет смета дека се омаловажувани и дека никаде, во ниту една постапка не им се дава право да го кажат своето мислење, најавија собраните родители во Советот на родители.
Минатиот пат учениците пет дена ја бојкотираа наставата, па беше постигнат договор
Четвртоодделенците од ова загрепско основно училиште пред две недели се вратија на настава, откако пет дена бојкотираа поради проблематичен ученик кој поради непримерно однесување беше префрлен во нивното одделение од друго училиште.
„Родителите добија гаранции“, изјави тогаш адвокатот на групата родители Чурин, кој не ги соопшти деталите за договорот, но рече дека на средбата на родителите им биле дадени гаранции дека „сите институции ќе направат сѐ што е во нивна надлежност да да ја осигураат безбедноста на нивните деца“.
Физичко и психичко малтретирање
Инаку, јавноста за овој случај на врсничко насилство дозна во март. Се работеше за долгогодишно физичко, психичко и сексуално вознемирување, на што никој не реагираше. Така, додека целото одделение не реши да се отпише, државата не направи ништо конкретно.
Изминатито период претставници на Министерството за наука, образование и млади и на градот Загреб одржуваа состаноци со стручната служба на училиштето во кое беше префрлен ученикот, чие насилно однесување во друго загребско училиште предизвика повлекување на целото одделение, објавија од Градската служба за образование.
Ученикот во претходното училиште скршил рака на друг ученик. Постојано ги вознемирува особено девојчињата со непримерни движења кои алудираат на сексуален акт. Зборува на час, вика, никој не може да го сопре во она што го прави, ап невозможно е да се одржи час со негово присуство. Во меѓувреме тој доби и асистент, но состојбата не се поправи.
Тоа момче од март беше одвоено од класот, но сепак остана во училиштето. Тој беше сместен во библиотеката и следеше настава онлајн на компјутер, со наставник секогаш покрај него. Момчето секогаш било придружувано од возрасен и не јадел во исто време со учениците од неговиот клас, но децата не се осмелиле да одат во библиотека. Сепак, неговите родители барале нивниот син да се врати на училиште.
„Замолчи ѓубре“, „ку*во“, „мршојадец“, „дебела крава“, се дел од навредите со кои со месеци секојдневно ги „чести“ своите врсници во класот.
Потоа ги става рацете во гаќичките, а потоа ги допира преплашените девојчиња по лицето или да ги слика нивните задници со својот мобилен телефон.
Силно ги удирал момчињата по грбот и во неколку наврати ги удирал во главата, а се заканувал дека ќе ги повреди нивните мајки и татковци.
Им пикал прсти во задникот на децата преку нивната облека, му пришол на момче одзади и го допирал со гениталиите, а рекол ова е „секс од една минута“. Фрлил едно помало момче во воздух, а друго турнал толку силно што тоа со главата удрило во работ од масата и добил модринка под окото.
За случајот изјави даваше и министерот за образование Радова Фукс, кој рече дека и тоа дете треба да оди во училиште, затоа што не е криминалец туку десетгодишник.