Норвешка: Маж вооружен со лак и стрела уби неколкумина и повеќемина повреди


Полицијата на местото на злосторството во градот Конгсберг, западно од Осло (Фото: АП)

Неколку луѓе загинаа, а други беа повредени од маж вооружен со лак и стрела во близина на норвешката престолнина Осло, соопшти во средата полицијата. Тие рекоа дека осомничениот напаѓач е уапсен.

„Има неколку повредени и загинати“, рече шефот на полицијата во градот Конгсберг, Ајвинд Аас, на прес-конференција во средата вечерта, според норвешкиот радиодифузер НРК.

Засега нема детали за бројот на загинати и повредени.

Според полицијата, осомничениот сторител шетал низ градот стрелајќи во луѓе со лак и стрели. Тој е уапсен и истрагата е во тек за мотивите на нападот. (АП)