НОБ ја почнува сезоната на 3 октомври со „Реквием“ од Моцарт

Остануваат уште неколку дена до свеченото отворање на сезоната 2025/2026 во Националната опера и балет со едно од најмоќните и најемотивни ремек-дела во историјата на класичната музика – „Реквием“ од Волфганг Амадеус Моцарт.
Ова монументално остварување повеќе од два века ја фасцинира и инспирира публиката ширум светот и се смета за едно од најзначајните и најизведувани дела во светската музичка литература. Секоја нота од „Реквием“ го носи печатот на Моцарт и ја потврдува неговата вечна музичка величина.
Големата сцена на Националната опера и балет, на 3 октомври, во 20 часот ќе оживее со енергијата на маестро Џанлука Мартиненги и магијата на солистите Биљана Јосифов, Николина Јаневска, Јане Дунимаглоски и Владимир Саздовски, придружени од хорот и оркестарот при МОБ.