НОБ ја отвори сезоната на Штраус, гламурот и шампањското: Магијата на „Лилјакот“ (фото)
Се случи виенско чудо во Скопје. Во саботата, големата сцена на Националната опера и балет блескаше како никогаш досега! Премиерата на оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II беше вистински празник на музиката, хуморот и гламурот.

Публиката ги награди уметниците со долготраен аплауз и стоечки овации, а во воздухот се чувствуваше радост, елеганција и гордост што ова ремек-дело повторно оживеа на нашата сцена.

Валцерите, шампањот, раскошните костими и неверојатниот ансамбл ја претворија вечерта во вистинска виенска бајка.

Диригент е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, а костимографијата на Марија Пупучевска. Кореограф е Саша Евтимова, хор мајстор Јасмина Ѓоргеска, концерт мајстор Верица Ламбевска, а светло-дизајн Милчо Александров.


„Лилјакот“ е ремек-дело на „кралот на валцерите“ Јохан Штраус II, создадено во 1874 година.

Националната опера и балет утре во 20 часот, на големата сцена ќе го изведе повторно ова ремек дело.




