„Њујорк тајмс“ и „Вашингтон пост“ тројно ги зголемија дигиталните претплатници од 2016 година

„Њујорк тајмс“ и „Вашингтон пост“ имаат многу различни стратегии за претплатниците/претплатата во иднина.

Извори на „Aксиос“ велат дека „Пост“ е близу 3 милиони дигитални претплатници, 50 отсто повеќе на претплата за една година и повеќе од 3 пати повеќе број на претплатници само за дигитални содржини, отколку во 2016 година.

„Њујорк тајмс“ сега има повеќе од 6 милиони претплатници само за дигитални содржини, речиси 3 пати повеќе од бројот во 2016 година.

Голем дел од растот на „Пост“ се припишува на технолошките инвестиции поддржани од сопственикот на „Пост“, Џеф Безос.

„Тајмс“ беше гласен во врска со својата стратегија за градење на свесност за брендот за да се поттикнуваат претплати, што вклучува се, од лансирање ТВ-емисии до ангажирање на големи новинари со лојална публика и градење производи околу нив.

Исто така е насочено кон создавање уреднички производи за кои се надева дека ќе помогнат да се направи секојдневна навика за читателите, како што се апликации за готвење и крстозбор.

И двете компании растат со импресивно темпо, особено со оглед на мрачните изгледи за медиумите во услови на пандемија. Но, неодамнешните инвестиции на „Тајмс“ во ѕвезди – како Езра Клајн, Бен Смит, Кара Свишер и Џејн Костон – некои инсајдери во медиумите се загрижени за плановите на „Пост“.

Културата на „Пост“ не е водена од зголемување на индивидуалните брендови, а извори велат дека компанијата нема интерес за лов на големи личности за зајакнување на производите.

Тоа не значи дека не инвестира во уреднички талент, но повеќе е насочена кон градење уреднички тимови во тематски области што предизвикуваат голем интерес кај корисниците, како што се политика, меѓународна, технолошка, деловна активност, истраги и новинарство со податоци.

Внатрешни лица од „Пост“ изјавија за „Аксиос“ дека најголемиот дел од фокусот на компанијата кон sвездите е внатрешна работа, вклучително и повеќе „обоени“  жени издигнати на лидерски позиции.

„Тајмс“, исто така, навлезе многу во својот дел за „opinion“, регрутирајќи големи имиња не само да пишуваат колумни, туку и да лансираат нови подкасти.

Некои тврдат дека фокусот кон претплати може да предизвика неговото новинарство да се грижи повеќе за претежно прогресивна и богата претплатничка база.

За споредба, „Пост“ не се наклони толку многу кон своите рубрики за ставови. Повеќе е насочен кон привлекување поширока мрежа на потенцијални претплатници преку инвестиции во други области, како што се видео преку социјални платформи, вклучувајќи ги ТикТок, Снапчет, Јутјуб и Твич во сопственост на Амазон.

Една од најголемите области на фокус на „Пост“ е градењето на технологија што може да му помогне да ги собере и да ги задржи претплатниците на долг рок. Голем дел од фокусот на инвестицијата на „Пост“ е насочен кон неговите сопствени рекламни и софтверски издавачки алатки, наречени Зевс, односно Арк.

Бизнисите со софтвер се важни двигатели на приходите за компанијата, но исто така помагаат дигиталното искуство на „Пост“ да биде попријателско за корисниците.

Извори за „Aксиос“ твдат дека на крајот, Вашингтон пост се надева дека ќе создаде единствена опција за автентикација на најавување (single sign-on authentication ) на сите страници, што може да му помогне да ги зголеми претплатите, особено на локално ниво. Од февруари, повеќе од 100 сајтови потпишаа со Zeus вклучително и многу локални новини.

Голем дел од стратегијата на „Пост“ е од нејзините врски со Безос.

„Пост“ сега има инженерски тим специјално фокусиран нa претплати што оваа година ги обновија апликациите за плаќање на „Пост“ за да ги зголемат дигталните претплати. Исто така, создаде ново искуство по купувањето што му помогна на „Пост“ драматично да ја намали вознемиреноста на претплатниците и да го зголеми усвојувањето апликации.

Технологијата за Paywall сега е лиценцирана за други медиумски компании преку Arc.

Инвестициите на „Пост“ во технологија, иако критични, не се случуваат во вакуум. Извршниот директор на „Тајмс“, Мередит Копит Левиен, во септември изјави за „Аксиос“ дека „Тајмс“ денес има повеќе инженери од отколку новинари.

Кога станува збор за услугите за претплатничка содржина нашироко, истражувањата покажуваат дека сјајните предмети (оригинална содржина, талент, попусти итн.) имаат тенденција да ги натераат луѓето да се најават, а функционалноста и многу опции за содржина ги спречуваат за заминување.

Изворите се прашуваат дали долгорочното фокусирање на компанијата на технологијата зад сцената и на новинарството над новинарите ќе ја попречи неговата способност да се натпреварува со „Тајмс“ за вревата што предизвикува нови претплати.

„Тајмс“, со кој се тргува јавно, е под поголем притисок од инвеститорите брзо да растат претплатници. И бидејќи е контролирано од семејство на весници, инвестициите во уреднички производи се повеќе слични на нејзината ДНК. 

Двата гиганти за вести мораат да трасираат пат кон претплатите без њуз-моментумот од претседателствувањето на Доналд Трамп. (Аксиос)