Њујорк ги раскинува сите договори со компанијата на Трамп


Њујорк ги раскинува сите договори со компанијата „Трамп Организејшн“ (Trump Organization), сопственост на семејството на американскиот претседател Доналд Трамп. Ова го објави градоначалникот Бил де Блазио во интервју за телевизијата МСНБЦ.

„Ако компанијата или нејзиното раководство се занимаваат со незаконски активности, имаме право да го раскинеме договорот“, рече Блазио.

Како што рече, градските власти сметаат дека сегашната ситуација е поттикнување бунт против Владата на Соединетите Американски Држави.

Според Блумберг,  „Трамп Организејшн“ има договори со Њујорк за работа со атракции во Централ Парк, два популарни тобогани и теренот за голф „Фери Поинт“, кои носат годишна добивка од 17 милиони долари.

Во моментов атракциите се затворени, а одлуката за раскинување на договорите ќе стапи на сила 25 дена по приемот на известувањето од компанијата.

Процесот на затворање на теренот за голф се очекува да трае неколку месеци.